Тоше Проески остави неизбришлива трага со своите емотивни песни. Mногумина негови колеги често со задоволство го паметат, пеејќи ги неговите песни и прераскажувајќи анегдоти од турнеи и гостувања на кои биле заедно со талентираниот Тоше.
Познат по својата чиста емотивна душа, што е реткост дури и за уметник, Тоше со својот глас умееше да ги расплаче и најсилните.
Се појави видео старо повеќе од десет години, кое разнежни многумина.
На снимката Тоше ја пее популарната народна песна „Јовано Јованке“ и со својот ангелски глас ги исполнува срцата на сите присутни. Еден од оние моменти што дефинитивно треба да се забележи, како постојано потсетување на младиот уметник.Видеото е снимено во Софија во 2005 година.