Тајната е во ова – Како да ви течат помалку солзи додека сечете кромид

ИЗВОРНов Лист
|

Сите знаеме дека без кромид речиси и нема јадење, но знаеме колку течат солзи од кромидот и колку тешко се вади мирисот.

Колку што е ножот по остар толку помалку солзи ќе има додека сечете кромид.

Острите ножеви помалку ги оштетуваат ќелиите на кромидот, па така има помала реакција и помалку солзи.

Во продолжение и совршен рецепт со кромид – Рецепт: Ќофтиња од кромид – повкусни и од компировите ќофтиња

Ќофтињата со кромид се многу брзи и лесни за приготвување, а притоа неверојатно вкусни. Подгответе им ги на вашите најблиски без да им ги кажувате состојките и почекајте го нивното воодушевуање! Еве како да ги приготвите.

Потребни состојки: 400 гр кромид, 100 гр моркови, 50 гр зелен лук, 3 чешниња лук, 30 гр кашкавал, 4 супени лажици пченично брашно, 2 јајца, половина кафена лажица мелен црвен пипер, половина кафена лажица оригано, сол и мелен црн пипер по ваш вкус.

Начин на подготовка: Исечете го излупениот кромид во најситна форма или сомелете го. Ситно изрендајте ги излупените моркови и додадете ги во садот со кромидот.

Кон нив додадете ги и сомелените видови на лук. Кон добиената смеса, додадете ги јајцата, изренданиот кашкавал, брашното, зачините и солта и добро измешајте ги сите состојки заедно. Следно, употребувајќи лажица, одделете мали количини од добиената смеса и поставете ги во тава со претходно загреано масло, за да истите се пржат. Пржете ги ќофтињата по 2-3 минути од секоја страна.

Пријатен апетит!