Популарниот готвач подготвува многу специјалитети од различни места во светот, но ужива во подготовката на ова слатко задоволство, на кое ретко кој може да одолее. Совршени палачинки. Гордон Ремзи на нивниот рецепт, работел со децении!
Тој има десетици рецепти за овој десерт, но постои универзален со кој никогаш нема грешка. Тајната на совршените палачинки е во тоа што состојките никако не смеат да се мешаат со миксер, туку со жица, а млекото да се сипа постепено.
Потребно ви е:
две јајца
300 мл млеко
125 грама брашно
малку морска сол
една лажица стопен путер
Подготовка:
Прво помешајте го брашното со солта, а во друга посуда изматете ги јајцата. Во средина на брашното направете дупка и во неа додадете ги изматените јајца и стопениот путер. Во оваа смеса полека додавајте го млекото со едната рака, а со другата мешајте со жицата
Тестото потоа оставете го да отстои, па добро загрејте ја тавата, додадете неколку капки масло. Пржете ги на вообичаениот начин.