Домаќинките велат дека не постои ништо поедноставно од готвењето грашок. Отворате кеса замрзнат зеленчук, го сипувате во вода што врие, го оставате да врие неколку минути, па го процедувате и зачинувате?
Можеби сте од оние што го приготвувате на старински начин. Прво динстате малку кромид и лук, па потоа морков и на крајот го додавате грашокот и го готвите сè до запршката.
На крајот, богато го запржувате и го послужувате. Сега нутриционистите имаат потполно нов предлог.
Во загреано тавче стопете малку путер, додајте замрзнат грашок и поклопете, па оставете го полека да се динста во сопствената течност на тивок оган.
Путерот е најважната состојка во овој рецепт за грашок, бидејќи му дава посебен вкус, но може да додадете и лажица шеќер, така ќе добиете вистински специјалитет.
По десетина минути можете да додадете зачини по желба. Особено добро одат лук и мирудија. Со ваквото готвење грашок ги зачувувате хранливите материи што инаку би изгубиле со брзото приготвување во зовриена вода.Исто така, ги одбегнувате и лошите последици од запржениот кромид и запршката врз стомакот и целиот систем за варење. Вака приготвениот грашок можете да го послужите како прилог со месо или да го послужите како главно јадење, со додаток пржени јајца, компир и салата.