Тамара и Мачка направија незаборавна забава за синчето Дарен (ГАЛЕРИЈА)

ИЗВОРСкопје24
|

Пред само две недели Тамара го роди своето второ дете, синчето Дарен, а веќе се враќа на своите неуморни секојдневни навики, излегување со пријателите, и секако заедно со својот сопруг Александар направија незапамтена забава за раѓањето на нивната втора среќа.

Уште истиот ден кога се роди малиот Дарен, тато Мачка ги собра пријателите на мекици, но вистинското изненадување го спремале за моментот кога мама Тамара ќе излезе од болница, па ќе можат заедно да прослават. На вчерашната забава беа присутни и многу гости од јавниот живот во Македонија како и неколку спортисти, а сите пресреќни пееја до доцна во ноќта.

Тамара е позната како голем перфекционист па ништо не остави на случајноста, дури ниту тортата и колачите на кои беше испишано неговото име, Дарен, во сино-бела боја и со убави зимски дезени.

Поред она што Тамара го покажа на социјалните мрежи, меѓу гостите се најдоа, нејзината најдобра пријателка Катарина Ивановска, Лила Филиповска, Сергеј Варошлија, Перо Антиќ, Стојанче Стоиловм, Миа Костова и многу други, а за музиката освен групата „Маестро“, секако задолжена беше и Тамара.