Тамара и свекрвата ги здружија силите за роденденот на Хана – резултатот соврешен (ФОТО)

ИЗВОРСкопје24
|

Пејачката Тамара Тодевска и нејзиниот сопруг Александар, заедно со децата, деновиве ги минуваат во Гевгелија, неговиот роден крај.

Додека се таму, се погоди роденденот на нивната наследничка, малата Хана која наполни 4 години.

Сите знаеме колку децата се радуваат на родендените и забавите по тој повод, а бидејќи е време на рестриктивни мерки Хана имаше мал карантински роденден во големиот двор во Гевгелија.

-Роденден, мала карантинска забава #4 п. с. Тортата ја правевме свекрва ми и јас, само да знаете, напиша Тамара која откако пред неколку дена ја направи својата прва торта, сега заедно со здружени сили со свекрвата -едноставно се надмина.

Розовата торта беше украсена со ликовите на сестрите од популарната анимација „Снежното кралство“, Елза и Ана, а очигледно ти е се омилените на славеничката која позираше во сино фустанече како на Елза.

Честитките со роденденски желби за Хана се редеа до недоглед, а како изгледаше оваа мала домашна роденденска забава, погледнете во продолжение: