Тамара: Имавме 100.000 евра на располагање, ни беше многу тешко да обезбедиме се’

ИЗВОРСкопје24
|

Maкедонската претставничка на Евровизија, Тамара Тодевска, вчеравечер беше пречекана со овации на скопскиот аеродром од каде што веднаш се упати во “1TВ” каде што имаше отворено студио во нејзина чест и се дискутираше на тема Евровизија.

Пејачката околу 12 часот и 30 минути влезе во студиото, а на врата беше пречекана од сопственикот на телевизијата кој и подари 10 илјади евра за да започне со интернационална кариера.

Инаку во рамки на отвореното студио Тамара најпрвин се заблагодари на цела македонска јавност за поддршката, а во еден момент откри и колку изнесувал нејзиниот буџет за Евровизија.

Луѓе, ние имавме се на се 100 илјади евра, од кои 34.000 дадовме за учество. Ни останаа околу 60 и нешто и со тие пари требаше да обезбедиме се. Ни беше многу тешко, откри Тамара која заврши на осмата позицијата на Евровизија.

„Среќна сум што сите бевме обединети изминативе денови и што ве направив горди“, кажа Тамара Тодевска по пристигнувањето во Скопје.

Тамара и нејзиниот евровизиски тим на аеродромот ја пречекаа стотина граѓани, семејството и владина делегација во која беа министерката за труд и социјална политика Мила Царовска и заменик-министерот за култура Владимир Лазовски.

„Ви благодарам. Тоа што го видовте на евровисискиот настап е резултат на тимска работа, посветеност и љубов. Во финалето ни стана јасно дека сѐ вредеше. Многу сум среќна што направивме добар резултат иако искрено очекувавме повеќе“, рече Тамара по пристигнувањето на Скопскиот аеродром и ја запеа евровизиската песна.

Авионот со кој Тамара и нејзиниот тим слета во Скопје од Тел Авив доцнеше неколку часа, поради силниот јужен ветер. Тамара им се извини на присутните за доцнењето и им рече „не беше наша вина што доцневме“.