Тамара Тодевска ќе настапи на првата Парада на гордоста, која треба да се случи викендов во Скопје. Таа преку „Твитер“ соопшти дека е горда што ќе пее на 29 јуни.
https://twitter.com/TamaraTodevska/status/1142802053682618368?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1142802053682618368&ref_url=https%3A%2F%2Frepublika.mk%2Fscena%2Fmuzika%2Ftamara-kje-pee-na-paradata-na-gordosta%2F
Настанот ќе почне во „Жена борец”, а ќе заврши во школката кај Градскиот парк, каде што е предвидено да говори министерката за труд и социјална политика Мила Царовска и други говорници. За забавата покрај Тамара ќе настапат и други естрадни уметници и неколку диџеи.
Министерството за внатрешни работи ги презема сите неопходни мерки за да се гарантира јавниот ред и мир на Парадата на гордоста и каков било обид за насилс**о ќе биде најстрого санкциониран. Ќе имаме доволен број полицајци за да помине се во најдобар ред и мир, рече денеска портпаролот на МВР Тони Ангеловски на прес-конференција на Организацискиот одбор на првата Парада на гордоста.
Тој појасни дека МВР пред секој ваков или сличен настан прави план сразмерно на проценките колку луѓе се очекува да бидат присутни на протестот и какви се опасностите, и врз основа на тоа одлучува колку полицајци ќе бидат ангажирани. Кочо Андоновски од ЛГБТИ центарот за поддршка при Хелсиншки комитет за човекови права потенцираше дека навистина се задоволни од соработката со МВР, и уверен е дека овој настан ќе биде безбеден, во спротивно како што рече, не би продолжиле со организацијата ако не се сигурни дека навистина можат да ја гарантираат безбедноста на секој учесник.
Тој смета дека на настанот ќе учествуваат од 200 до 500 луѓе, што според него, би била фантастична бројка за прв Прајд, што ќе се одржи во Скопје. Учесниците Маршот на гордоста на 29 јуни во 11 часот ќе се соберат во паркот Жена Борец, а Маршот ќе започне точно напладне. Крајната точка ќе биде кај Школка во Градскиот парк, каде ќе има обраќања и музичка програма.
– Секој учесник на парадата ќе добие алка што ќе му биде гаранција дека присуствува. Со алката секој учесник ќе може слободно да се движи во и надвор од одбележаниот простор. Во градскиот парк, односно кај Школка програмата ќе ја водат дрег кралиците Линда Социјалиста и Каја Мор. Покрај предвидените обраќања, ќе има и музичка програма во која ќе учествуваат Тамара Тодевска, Принцез Донатсу и диџеите Ивана Драгшиќ, Зоки Бејбе, Ири Скреч, Ана Мало и Узун Баба, рече Јована Јовановска од ЛГБТИ центарот.