|
Тамара Тодевска беше гостинка во „Дајте музика“. 34-годишната пејачка со себе ја понесе и слатката ќеркичка Хана.
Во најновата епизода од популарното шоу, македонската музичка ѕвезда ја промовираше новата песна „Холивуд“, а заедно со Хана беа дел од жири комисија во првото маалско талент шоу.
Тамара и Хана пееја и играа заедно со малите ѕвезди. Слушнете ја „Холивуд“:
Текстот е дело на Игор Џамбазов, а музиката и аранжманот ги потпишува Роберт Билбилов.