Македонскиот музички тим кој на чело со официјалната претставничка Тамара Тодевска ќе ја претставува нашата земја на натпреварот „Песна на Евровизија“ имаше одлична промоција на портокаловиот тепих во Тел Авив.Македонскиот тим зачекори на портокаловиот тепих на Евровизија.
Тамара, како и секогаш со раскошна насмевка на лицето, ги поздрави присутните чекорејќи на портокаловата стаза облечена во црн фустан кој е креација на Александар Ношпал, и дакоративен накит Rebecca на себе.
На тепихот со неа беа и нејзините придружни вокали Антониа Гиговска, Александра Јанева и Васил Гарванлиев, како и Коста Петров, Роберт Билбилов и Арменд Рамадани.
За потсетување, Тамара ќе настапи на втората полуфинална вечер која ќе се одржи во четврток (16 мај), а како што истакна неколку пати досега таа вечер ќе пее за нејзината ќерка Хана.