Извонредната Тамара ќе го одржи својот прв целовечерен концерт после Евровизија 2019, во организација на Авалон Продукција, во Охрид.
Како локација го избравме охридскиот Антички театар затоа што е единствен уникатен простор во којшто сите концерти кои сме ги правеле таму, биле навистина незаборавно искуство како за публиката, така и за изведувачите. Тамара ќе настапи со песните кои ја одбележаа нејзината кариера, од почеток па се` до извонредните настапи со „PROUD“ околу финалето и во финалето на овогодишната Евровизија.
Влезниците ќе бидат пуштени во продажба утре (03.07) во 09 часот наутро онлајн и преку продажната мрежа на Авалон низ Македонија, по следниве цени и категории:
ПАРТЕР- 500 денари
SILVER SEATS- 600 денари
GOLDEN SEATS- 700 денари
Тамара, Охрид и Антички театар- исклучителна вечер во најава!