Тамара Тодевска открива – се породи македонската манекенка Катарина Ивановска

|

Македонскиот популарен модел кој зад себе има светска кариера, Катарина Ивановка по вторпат стана мајка, а среќната вест на социјалната мрежа Инстаграм ја сподели другарката на Ивановска, Тамара Тодевска.

Ивановска денеска по вторпат стана мајка, и покрај синчето Вања денес на свет ја донесе и ќеркичката која ќе го носи името Кира.

„Првпат името Кира го слушнав пред неколку години и многу ми се допадна. Татко ми е Киро и иако сите пишуваат дека бебето ќе го носи името по него, сосема случајно испадна Кира да е женска верзија на неговото име. А татко ми е пресреќен“ – неодамна открила Катарина во интервју за „Репортер“.

Катарина е во среќен брак со нејзиниот сопруг Цобе кои заедно го имаат и синчето Вања кое има 2 годинки и досега и двајцата се покажаа како среќни и внимателни родители. 

Катарина во својата втора бременост беше постојано активна како што можевме да забележиме на нејзиниот профил на Инстаграм, а покрај летните одмори таа вежбаше до крајот на својат бременост. 

Ѝ посакуваме среќно мајчинство на Катарина и уште многу дечиња и среќни моменти заедно со нејзиното семејство.