Тамара Тодевска и Катарина Ивановска повторно се скарани – овојпат не сакаат очи да си видат

|

Пејачката Тамара Тодевска и манекенката Катарина Ивановска повторно не се во добри односи, дознава „Убавина и здравје“, од каде тврдат дека двете другарки овојпат не сакаат очи да си видат една со друга. Причината наводно била – изневерена доверба.

Еден од доказите дека со нив навистина нешто не е во ред, говори и фактот што двете си ги избришале сите заеднички спомени на социјалните мрежи.

Да, вистина е дека Тамара и Катарина се скарани. Се налутија една на друга, а точната причина не би сакал да ја откријам. Јавете им се на нив и прашајте ги, вели за магазинот нивни заеднички пријател, кој од разбирливи причини сакаше да остане анонимен.

Ова не е првпат двете другарки да се скараат. Двете не беа во добри односи и пред неколку години.