Тамара Тодевска има нова љубов (ФОТО)

|

Пејачката Тамара Тодевска по се изгледа е повторно заљубена и има ново момче. По она што неколкупати досега го објави на социјалните мрежи, можеме да заклучиме дека Лука е повеќе од пријател, а тоа го покажуваат и љубовните песни кои ги објавува заедно со фотографиите.

Лука Радовиќ е архитект кој е роден во Србија, но моментално живее и работи во Македонија.

Тие летово беа заедно и во Грција на летување, заедно со Дарен и Хана, двете деца на Тамара, па тоа веројатно значи дека љубовта навистина цвета.

Тамара неодамна се разведе од својот сопруг Александра, со кого беше во брак 7 години. Од бракот тие имаат две деца, Дарен и Хана. И покрај разделбата со Мачка не е тајна дека тие се во коректни односи, заради децата, а заедно ги прославуваат и родендените на децата, и неодамна објавија заеднички фотографии.