Еве што напиша Тамара Тодевска, овогодинешната наша претставничка на Евросонг 2019.
Тамара во финалето ќе пее во првата половина – овој реден број ќе и донесе среќа на Македонија! (ФОТО)
Нашата претставничка Тамара Тодевска вчера влезе во финалето на Евровизија по 7 години пауза.
Тамара со својот моќен глас ја занеми Европа.
Нашата претставничка на Евровизија ги покажа своите извонредни вокални способности. Се претстави себеси и Република Македонија во најдобро светло. Тамара, прва изјава по нејзиното пласирање во финалето ја даде за Фокус. По седум години безуспешни обиди, нашата претставничка на Евросонг, Тамара Тодевска ни обезбеди влез во големото финале кое ќе се одржи на 18-ти мај во Тел Авив. Со песната ,,Proud” таа се пласираше во финалето на музичката манифестација, а нејзината првична реакција за ,,Фокус” е дека е пресреќна, но и горда што ,,клетвата”, односно лошата среќа на Евросонг конечно, по седум години е скршена.
Македонската претставничка со песната „Proud“, влезе како прва во големото финале од десетте пласирани претставници кои вчера обезбедија влез во големото финале кое ќе се одржи утре со почеток во 21 часот.
Утре Македонија ќе настапи под редниот број 8 во првата половина од шоуто, со среќа!