Пејачката Тамара Тодевска пред извесно време се породи. На свет го донесе своето второ дете, синчето Дарен. Овој пат Тамара конечно го покажа лицето на синот.
Дарен се роди на 12 декември. „Хана доби братче, а Мачка и јас уште една неописива љубов. Пресреќни сме и многу благодарни на целиот тим на „Аџибадем Систина“ и на нашата докторка Гордана Петровска. Ви испраќаме безброј бакнежи“, изјави Тамара веднаш по породувањето.