Тамара Тодевска се расплака среде емисија кога ја виде фотографијата со Влатче: „Беше светла точка во мојот живот“ (ВИДЕО)

ИЗВОРСкопје24
|

Оваа година на Евровиизја во Тел Авив ќе не претставува Тамара Тодевска со песната „Proud“.

По тој повод Тамара гостува во емисии каде ја промовира својата песна и открива детали за својот настап на музичката сцена во Тел Авив.

Така деновиве беше гостинка во емисијата „Б.“ каде што отворено зборуваше за своето детство, средношколските денови…

Низ фотографии Тодевска се потсетуваше на разни периоди од нејзиниот живот.

Меѓутоа, кога водителот и ја покажа фотографијата со Влатко Илиевски кој на Тамара и беше другар и пријател, а кој прерано не напушти, пејачката не успеа да ги задржи солзите и се расплака.

„Уште не можам да поверувам. Тој ми беше најдобар другар“ вели Тодевска и додава:

„Тој беше многу добар човек, многу добро дете. Беше светла точка во мојот живот. Човек со кого детството го поминав. Учевме заедно во средно музичко. Тогаш, почнавме да се дружиме. Памтам како вчера да беше кога се сретнавме во парк и се спријателивме првиот ден. Како што се спријателивме така не се разделивме “ вели Тодевска.

Од друга страна, во емисијата на Тамара и пуштија видео од нејзиниот татко Велко кој раскажа интересна случка за пејачката.

На прашањето кога последен пат го видела нејзиниот татко, таа одговори дека тоа било пред некој ден кога била во Зелиниково да снима фотосесија и на враќање била кај нејзиониот татко.

Додека Тодевска одговараше на прашањето за посетата, нејзиниот татко влезе во студиото, а пејачката беше изненандена.

„Зошто ми правите вакви стресови? Не можам да верувам. Вчера бев кај него после Зелиниково бидејќи ќе одам во Израел, па да го прегрнам“ вели пејачката.

Таткото на Тамара истакна дека ја замислувал како оперска дива, но дека е среќен и горд за кариерата на својата ќерка.