Тамара Тодевска славеше роденден во Гевгелија, еве колку години наполни и кој беше меѓу гостите (ФОТО)

ИЗВОРНов лист
|

Пејачката Тамара Тодевска заедно со семејството, постојано е на релација Скопје-Гевгелија и обратно.

Како ќе им достади во главниот град и напнатоста од коронавирусот и животот во стан, правец кон родниот крај на сопругот Александар.

Тамара вчера,1-ви јуни токму во Гевгелија го дочека својот 35-ти роденден, а по многу карантински денови, таа роденденот го прослави во еден гевгелиски ресторан.

Според објавите на Инсатграм, освен тие, меѓу гостите биле и Игор заедно со планинарката и негова нова љубов Илина Арсона, како и ракометарот и нивен кум, Дејан Манасков.

За среќа и убави моменти е потребно малку, а од приложеното е јасно дека ништо не им недостига.