Татјана Стојановска се спакува и замина во далечните топли краишта, а оттаму прати поздрав од плажа

|

Зимскиот период за повеќето е резерзиран за типичен зимски одмор на планина, уживање на снег и хотели со спа центри.

ТВ презентерката Татјана Стојановска и нејзиниот партнер Михаил се одлучија за сосема поразлично искуство. Имено, тие ги спакуваа куферите и заминаа во далечниот Нов Зеланд, каде моментално уживаат во топлото време, плажата и сонцето.

Татјана оттаму објави неколку фотографии на кои е на плажа, раскомотена во костим за капење и опуштена во одморот од кој ќе има сосема поинакви спомени од овој период од годината.

Пријателите и оставија многу коментари за објавите и и’ посакаа да се изнаужива во убиавините на Нов Зеланд по долгиот пат.