Татко од Охајо одлучил да ја научи својата 10-годишна ќерка на една лекција откако била исфрлена од училишниот автобус.
Имено, проблематичното девојче неколку пати ги малтретирало своите врсници и два пати било исфрлено од автобусот поради непримерно однесување. Првиот пат нејзиниот татко и излегол во пресрет и ја возел од училиште до дома, но кога инцидентот се повторил, одлучил дека неговата ќерка мора да сфати дека нејзиното однесување кон другите деца е неприфатливо.
“Ова слатко девојче е мојата 10-годишна ќерка која веќе втор пат е исфрлена од училишниот автобус поради малтретирање на други деца…”, таткото ја започнал приказната.
Наместо да ја искара, по исфрлањето од автобусот, ја следел со автомобилот на патот до дома за да биде сигурен дека пристигнала безбедно, но воедно сакал неговата ќерка да ја научи лекцијата, односно да и даде до знаење дека истото однесување нема да биде толеририрано во иднина и дека секогаш ќе се соочува со последиците.
Девојчето можело да избира – или ќе се однесува убаво, или секој ден ќе оди пешки 8 километри до дома.
“Многу родители можеби нема да се согласат со ова, но го правам бидејќи верувам дека ќерка ми ќе ја научи лекцијата и ќе престане да ги малтретира другите деца. Деца, ако го гледате ова, ве молам, никој не смее да злоставува други деца”, рекол овој прекрасен татко меѓу другото.
Видеото било поставено пред четири месеци на социјалните мрежи, а само на Фејсбук било прегледано повеќе од 22 милиони пати.