Татко му е милионер, но тој мора да штеди за стан

ИЗВОРСкопје24
|

Алекс Шин, наследник е на најголемата агенција за надвижности во Хонгконг, но не поседува куќа.

И не само тоа, нема да го наследни огромното богатство од 400 милиони долари затоа што неговиот татко, милионерот Винг Чинг Ших (70), одлучил сите пари да ги даде во добротворни цели.

Сепак, младиот Ших вели дека тоа не го мачи затоа што татко му неодамна му рекол дека од големите пари нема да види ништо.

Ших има три возрасни деца, но тврди дека на нив нема да им остави ништо. Овој бизнисмен се збогатил во 1978 година кога ја основал агенцијата за недвижнини „Центалин“.

Уште пред десет години се вклучил во работа на хуманитарните здружени во кои донира голем дел од своите пари. Неговото семејство живее скромно и целосно ја поддржува неговата одлука.

– Соопштена ни е таа одлука додека бевме многу мали. Немавме избор туку да ги послушаме неговите желби. Ни објасни дека не е добро да се води премногу опуштен живот и дека повеќе ќе ги цениме парите кои сами ги заработуваме, рекол Алекс (30).