Тед Бекам, таткото на еден од најпознатите англиски фудбалер на сите времиња, Дејвид Бекам викендов по вторпат застана на лудиот камен.
Тој се ожени со 11 години помладата Хилари Мередит, Дејвид беше кум а на свечената венчавка присуствуваа само нивните блиски.
Мередит, која долги години се занимава со адвокатура, важи за многу богата жена, а својот сегашен сопруг го запознала пред само една година.
Една средба на хуманитарна вечера била доволна да предизвика искри меѓу нив, па набрзо свршувачката била крунисана со брак.
Самиот Дејвид го допратил својот татко до олтарот, ги чувал прстените до моментот кога младенците ги размениле пред матичарот и одржал здравица.
На церемонијата присуствувале трите деца на Тед, неговите осум внуци, Викторијата Бекам со двајцата сина и ќерката Харпер, додека Бруклин не можел да присуствува поради тоа што се наоѓа во Америка.
И славниот фудбалер се огласи на Инстаграм честитајќи му на својот татко за венчавката.
„Прекрасен ден за славење на свадбата на татко ми и Хилари. Неверојатно е да се биде заедно со целото семејство. Толку горд што сум тука за татко ми како што тој секогаш беше тука за мене. Те сакам тато“, напишал Бекам покрај фотографијата.
За Тед Бекам ова е втор брак, откако во 2002 година се разведе од мајката на Дејвид, Сандра, по 33 години брак.