Драган Карлеуша, таткото на пејачката Јелена Карлеуша, отвори профил на Инстаграм и во описот откри непознати детали за себе.
Една од најголемите регионални ѕвезди, српската пејачка Јелена Карлеуша, љубовта кон музиката ја наследи од нејзиниот татко Драган Карлеуша.
Овој детаљ Драган го откри на својот Инстаграм на кој реши да му се придружи на 76 години, а таму наведе уште неколку непознати интересни факти за себе.
„Пензиониран полицаец, поранешен тапанар, спортист, татко и дедо“, стои во описот на неговиот профил, кој го следат само неколку луѓе, меѓу кои и неговата најстара ќерка Јелена.
Таа во една прилика во емисијата „Ѕвездите на Гранд“ раскажа како нејзиниот татко свирел на тапани во бендот „Про арте“, чиј член бил и покојниот композитор и клавијатурист Ѓорѓе Новковиќ.
Инаку, Драган ја доби Јелена со првата сопруга Дивна, додека со втората сопруга ги доби синовите Иван и Никола.