Израелскиот Канал 12 објави видео од таткото на Израелката Ноа Аргамани, која вчера беше киднапирана од припадниците на Хамас. Светот го заобиколи видеото на кое милитантите ја качуваат на мотор додека таа плаче и вика: „Не ме убивај, не, не, не“.
Напаѓачот управувајќи го мотоциклот потоа излетува со брзина, а Ноа од тој момент повеќе не е видена. Нејзиниот татко низ солзи зборува за својата ќерка.
„Ми кажаа дека е објавено видео на кое се гледа. Таа е на мотор, а ми рекоа дека ја киднапирале и ја однеле во Газа“, рече тој.
Тој вели дека се надевал оти е грешка, се додека не му пришол човек од болницата и го прашал дали сака да го види видеото.
„Се согласив, а сега знам. Мора да е Ноа, таа е преплашена. Толку исплашена, и секогаш се грижев за неа. Но, сега не можев да ја заштитам“, раскажува расплаканиот татко.
Заедно со стотици други млади Израелци, Ноа и нејзиното момче Ави уживаа на музички фестивал во пустината кога беа нападнати од членови на Хамас. Десетици други Израелци, наводно, биле киднапирани на истата локација и однесени преку границата во Појасот Газа.
По нападот на Хамас и убиството и киднапирањето на израелски војници и цивили, армијата ја започна операцијата „Железни мечеви“. Премиерот Бенјамин Нетанјаху рече дека тоа не е операција, туку вистинска војна и нареди мобилизација на резервистите.