Татковски потег: Полицаец спаси тригодишно бебе (ВИДЕО)

ИЗВОРСкопје24
|

Полицаец од Флорида кој не бил на должност, слушнал викотници и видел нешто невообичаено додека се возел со автомобил.

Кога видел дека од другата страна две жени молат за помош излегол и се обидел да му помогне во што не успеал и веднаш заминал кон болница.

По укажаната помош малото бебе било спасено. Погледнете го видеото:

Слична ситуација неодамна доживеа и Ирена која живее и работи во Америка.

Ирена Ивиќ, возач на градски превоз во американски Милвоки покажа дека има многу големо срце.

Таа додека го возела автобусот на 22 декември минатата година, приметила босо детенце облечено само по боди. Момчето било само на полупразна улица и сакало да помине преку улицата на местото обележано со семафори. Без воопшто да размислува Ирена го застанала полупразниот автобус и излегла од возилото.

Бидејќи детето веќе се оддалечувало, таа со трчање го стигнала и го донесла во автобусот каде еден од патниците му ја дал својата јакна со цел детето да се стопли.

„Ох Боже, целата се тресам“, изговорила Ирена која влегла во автобусот.

Чекајќи да дојде полицијата и пожарникарите, момчето мирно заспало во рацете на Ирена, а како што е подоцна соопштено, мајката на детето го исфрлила него на улица, па тоа сега е вратено кај неговиот татко.