ТАВ се пофали со првата жена стартер-паркер на Меѓународниот Аеродром Скопје (ФОТО)

|

За жал и во 21-от век сеуште постои поделбата на машки и женски професии. Едноставно некои работи тешко се менуваат. Сепак, сведоци сме на се повеќе случаи каде жените успеваат да ги победат овие предрасуди и докажуваат дека и тие можат да бидат исто, па дури и поуспешни во типично МАШКИ професии, и одлично се справуваат со сите предизвици.

Професии кои во минатото беа како резервирани за мажите како таксисти, возачи на автобуси, архитекти, пилоти, молери… се само дел од професиите во кои жените веќе докажаа дека можат да се покажат одлично.
Во нашата земја можеме да ја „штиклираме“ и професијата стартер-паркер на аеродром, односно оние лица кои им помагаат на авионите при нивното слетување и полетување.

На својата фејсбук страна, ТАВ Македонија со гордост ја претстави, својата прва и засега единствена жена која работи како стартер-паркер на Меѓународниот Аеродром Скопје. За ова тие добија многу позитивни коментари а поддршката не изостануваа од сите граѓани на нашата земја.

https://www.facebook.com/SkopjeAirport/posts/3585448191467283