Тажна вест во семејството на Цеца Ражнатовиќ – никој не очекуваше вакво нешто

|

Ќерката на Цеца Ражнатовиќ, Анастасија и фудбалерот Немања Гудељ неодамна објавија дека очекуваат принова, односно девојче, но денеска славниот фудбалер за жал објави тажна вест, за која напиша:

„Споделивме добра вест со вас и бевте со нас со сето срце, честитки и пораки. Благодарам за тоа. За жал, сега имаме лоши вести, но знаеме дека ќе ја имаме вашата поддршка и разбирање дека не сакаме да зборуваме за тоа. На наша голема тага, Анастасија и јас го загубивме нашето бебе. Ова е болен момент за нас, но нашата љубов и ова ќе го надмине.“

Тие пред само неколку недели ја споделија со јавноста веста дека наскоро ќе станат родители, додека нејзината мајка Цеца Ражнатовиќ радосно зборуваше за тоа дека едвај чека малото девојче да дојде во нивниот дом.

Двојката планира интимна венчавка само за најблиските роднини и пријатели во јули во Севиља, а следната година ќе следи голема прослава и венчавка во црква.