Тажната судбина на девојчето од хитот на Чолиќ: Еве каде е Ивана од „Чаје шукарије“ (ФОТО)

|

Кога во 90-тите се појави спотот на Здравко Чолиќ за темата „Чаје шукарије“, цела Југославија го засака девојчето кое ги пее стиховите „Ја се зовем Ивана, а тата ме зове злато“.

Ова слатко дете со претходно актерско искуство наеднаш се повлече од јавноста, а години подоцна медиумите ја дознаа причината.

Се’ се променило по вој ната поради која Ивана морала да се пресели во Австралија. И денес живее таму и се занимава со режија, продукција и со маркетинг.

Бегалската криза за неа е болна тема.

„Во Австралија со моето семејство стигнавме преку Русија. Како и кај сите останати кои талкаа по светот обидувајќи се да си обезбедат мир и сигурност, беше немирно, несредено и нестабилно. Само што се имав навикнато на едно училиште и на еден начин на живот, се најдов во друго опкружување со нов јазик и култура. Не беше лесно, но овие искуства дефинитивно ве прават посилен човек. Малите лузни секогаш ќе бидат присутни, понекогаш ќе ве зачешаат или ќе ви се воспалат, обично кога тоа најмалку го очекувате. Сепак, на тоа гледам како на непроценлива лекција која ме потсетува дека со моите 33 години имам преживеано нешто што некои немаат ни со 90“, раскажа Ивана во едно интервју.