ТЕЦ Неготино од јануари со полн капацитет

|

ЕСМ ќе работи со полн капацитет од јануари кога ќе биде вклучен третиот блок во РЕК Битола како и вториот котел во ТЕЦ Неготино. Комплетната побарувачка на струја за ЕВН Хоум ќе биде покриена и нема да има никакви рестрикции во снабдувањето, уверува директорот на ЕСМ, Васко Ковачевски.

Константно снабдување со јаглен е обезбедено со домашен ископ и со увоз од Косово а во јануари ќе има нов тендер за набавка на мазут за ТЕЦ Неготино за да се обезбеди непречено функционирање на комбинатот.

ТЕЦ Неготино во моментов произведува два гигавати струја дневно и работи без никакви проблеми, соопштија од раководството.