Текстописецот Огнен Неделковски со најромантичната честитка до својата сопруга: „Не ти купив јахта, ама ти напишав песни што вредат повеќе“

ИЗВОРСкопје24
|

Нашиот славен текстописец Огнен Неделковски веќе долги години е во брак со познатата новинарка Соња Неделковска, а таа токму денеска слави роденден, па нејзиниот сакан ја изненади со најубавата роденденска честитка што некој може да ја посака.

Токму на полноќ текстописецот сподели две интересни фотографии на кои позира заедно со сопругата Соња, и воедно како честитка и ги упати најромантичните зборови… зборови кои доликуваат на еден ваков талентиран текстописец како него:

„Не ти купив ваква јахта, ама ти напишав песни што вредат повеќе од сите јахти на светот! Среќен роденден, моја Соња Алексоска!“, стои во објавата, а во коментарите се редат безброј коментари и честитки.

Не ти купив ваква јахта, ама ти напишав песни што вредат повеќе од сите јахти на светот! Среќен роденден, моја Соња Алексоска!

Gepostet von Ognen Nedelkovski am Donnerstag, 28. März 2019

Инаку, Огнен е автор на нашите најубави љубовни песни меѓу кои и легендарната „Сонце во твоите руси коси“ од незаборавниот Тоше Проески, песна за која многу девојки поскауваа тој да им ја испее, а всушност беше наменета токму за Соња.

Години по објавувањето, јавноста дозна дека четирите букви од името, кое ги претставуваа четирите страни на неговиот свет, кои Тоше ги пееше во песната, се всушност оние на Соња… чистата љубов на текстописецот преточена во најубавата песна.

Нека и е среќен роденденот на Соња, и нека нивната љубов уште долги години го инспирира Огнен, да создава преубави песни!

Наталија Јосифоска