Телеком соопштува: Еве што ќе добијат корисниците кои денеска имаа прекин на услугите

|

Македонски Телеком соопшти дека изутрината биле оштетени главни магистрални оптички кабли на повеќе локации во Кумановскиот и Струмичкиот регион преку кои поминува голем дел од мобилниот и фиксен сообраќај. Штетата е направена од градежни работи на трети страни, што предизвика пречки во услугите кај поголем број корисници.

– Поради ова, Македонски Телеком ќе ги преземе сите потребни активности за поведување на постапка пред надлежните органи против лицата одговорни за штетниот настан. Бараме од сите изведувачи на градежни работи да работат совесно и внимателно, затоа што предизвикуваат штета на сите граѓани, односно нашите корисници, кои остануваат без неопходните комуникациски услуги. Санирањето на вакви големи штети подразбира повеќечасовно работење на терен, но нашите тимови интензивно работеа и за краток временски период услугите се повторно достапни. И покрај тоа што станува збор за прекин предизвикан од трети страни, како одговорна компанија која се грижи за задоволството на своите корисници, на сите наши приватни и деловни корисници им доделуваме 10 GB мобилен интернет до крајот на месец август 2023 година, се наведува во соопштението од Телеком.