Температурите ќе се искачат над 30 °C – но за викендот доаѓаат дожд, грмежи и засилен ветер на повеќе места, можно е НЕВРЕМЕ!

ИЗВОРНов Лист
|

Во следните два дена, како што и претходно најавивме времето во Македонија ќе биде претежно стабилно, суво и сончево со мала до умерена локална облачност. Сепак во попладневните часови и тоа во планинските предели не се искчучува можноста за ретка појава на краткотраен дожд со грмежи.

Понестабилно ќе биде за време на викендот, кога на повеќе места ќе има појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а можна и локална појава на НЕВРЕМЕ, проследено со СИЛЕН ВЕТЕР и со појава на град.

Што се однесува до температурите, тие ќе бидат уште повисоки и максималните дневни ќе се искачуваат во интервалот од 24 до 32 степени.

И во Скопскиот регион во следните два дена времето ќе биде претежно стабилно, суво и сончево, додека за време на викендот растат условите за нестабилност, проследена со локална појава на пороен дожд, грмежи, заислен ветер, а ќе има услови и за локална појава на град. Што се однесува до температурите тие ќе бидат уште повисоки и максималните дневни ќе се искачуваат во интервалот помеѓу 28 и 31 степен.

За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука.