Ова се температурите вечерва во градовите низ Македонија.
Надвор веќе температурите се длабока под нула.
Метеоролозите во Македонија предвидуваат дека првите месеци во 2019 година, јануари и февруари според температурите че бидат во границите на нормалата или малку над нив, но затоа пак ќе има повеќе врнежи од обично.
Поради тоа како што најавуваат тие низ целиот Балкан можно е да се појават поинтензивни снежни врнежи кои би наликувале на вистинска снежна зимска бура.
Бидејќи се работи за подолг период од два месеци секако дека не се исклучува можноста од појава и на потопли денови и секако врнежи од дожд, но и продор на екстремно студени воздушни маси од Арктикот кои би условиле екстремно ниски температури на целиот Балкан, со тоа секако и во Македонија.