Влијанието на поларниот воздушен бран кој го зафати регионов ќе се задржи и за претстојниот празник – Божиќ, известуваат метеоролозите.
Ќе продолжи периодот на повремени локални послаби врнежи од снег проследени со силен северен ветер што ќе придонесе и понатаму намалување на температурите.
Во наредните денови, односно за време на празниците наутро температурите на места ќе се спуштат и до -16 степени, а на планините и под -20, додека пак максималните температури ќе се движат од -7 до 0 степени.
Поради овие многу ниски температури ќе има појава на голомразица, поради со што возачите треба да бидат многу претпазливи.
Инаку според последните податоци најмногу снег низ градовите има во Битола, и тоа 15 сантиметри, во Маврово пак снежната покривка изнесува околу 30тина сантиметри.