Емисијата на познатото музичко шоу Ѕвездите на Гранд која ни следи ќе биде и тек како поинаква од тие што сме ги гледале досега. Посебно кога се работи за македонец.
Имено, во оваа емисија гледачите ќе го видат таткото на Адам Лабунски кој ќе биде позади сцената, а Ѓорѓе Давид ќе вика најгласно што може бидејќи таткото на Лабунски му ја променил песната со која требало да настапи во последен момент.
Давид на тоа ќе каже дека не е воопшто во ред да се смени одлуката која ја донел менторот и дека со месеци наназад се подговтувале да ја пее истата песна, а сепак на крајот неговиот татко да пресуди.
-Дечко, полека, застани малку! – му кажа тој на музичарот.
-Ма, каков бре дечко?! Прво,јас не сум дечко. Ти си за мене дечко, бре! – продолжи со висок тон да му се обраќа Ѓорѓе.
Освен тоа, публиката ќе има прилика да ја слушне Марија Шерифовиќ која имено е ментор на Адам, како му порачува дека изборот на песната е прилагоден според вокалните способности, иако е како нејзе да и кажат „да се соблече и да ја глуми Мерлин Монро“.
На ова Јелена Карлеуша и одговори дека во случај таа тоа да го направи, ќе си ја избричи главта. Овој настап на Лабунски и конфликтот со Ѓорѓе ќе го гледате оваа сабота.
Таткото на Адам е поддршка на секој негов настап па така ќе биде и овојпат.