|
На 29.06.2023 во 14.40 часот Н.А.(56) од Скопје пријавил дека на подрачјето на Гази Баба по претходно недоразбирање во сообраќајот бил физички нападнат со тврд предмет од едно лице.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Исто така, на 29.06.2023 во 16.34 часот било пријавено дека во Битола на ул.„Партизанска“ патничко моторно возило „застава југо“ со битолски регистарски ознаки, управувано од Г.С.(45) од Битола удрило во велосипед управуван од Д.Т.(34) од Битола.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил велосипедистот, констатирани во Клиничката болница Битола.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Битола.