Тешка сообраќајка во Скопје – Тројца повредени

|

Вчера околу 20.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосница од улицата „Антон Попов“ и улицата „Мишко Михајловски“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило „дачија“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 48-годишниот В.М. од Скопје и мотоцикл со скопски регистарски ознаки, управуван од 21-годишниот Б.З. од Скопје, извести МВР.

– По несреќата, возачот на мотоциклот Б.З. бил пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ – Скопје, каде му биле констатирани тешки телесни повреди, додека сопатничките од возилото „дачија“ – А.М.(50) и А.Ѓ.(29), двете од Скопје, биле пренесени во Градската општа болница „8 Септември“, каде што на А.М. и биле констатирани телесни повреди, а на А.Ѓ. и биле констатирани тешки телесни повреди, соопшти МВР.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.