Тешки проблеми и големи промени во декември за 5 хороскопски знаци

|

Овните нема да можат да спречат појава на конфликти. Според зодијакот, добра е идејата да се обидете да пронајдете начини да отворите нови врати и хоризонти. Ова ќе ви биде од корист во иднина.

Древниот манастир на капучинските отци во италијанската општина Сансеполкро го објави своето конечно затворање затоа што главната монахиња одлучила да го напушти манастирскиот живот. Таа се заљубила во маж и си заминува, а бидејќи не може да ѝ најдат замена во манастирот, ќе мора да го затворат, пишува „Ла Република“.

Сестрата Марија Тереза ​​Саценте (40) ја раскина љубовната врска, но не сака да го продолжи својот живот како монахиња.

„Она поради што страдам, ќе ме обележи во целиот мој живот и ќе ми биде тешко во иднина да имам каква било врска со Црквата“, изјавила таа за италијанските медиуми.

Таа додала дека луѓето се тажни поради затворањето на манастирот како што е и таа.

Не е објавено дали монахињата одлучила да се повлече по своја иницијатива. На прашањето од страна на медиумите дали причината е приказната за љубовта, таа одговорила: „Тие сакаат да го кажат тоа на тој начин, но тоа е многу покомплицирано отколку што изгледа“.