Тешко да го препознаете: Игор Џамбазов го промени својот изглед максимално (ФОТО)

ИЗВОРСкопје24
|

Последните година, две наназад, македонската јавност се навикна Игор Џамбазов да го гледа со брада, која македонскиот актер и шоумен викендов одлучи да ја избричи.

Џамбазов се пофали со новиот изглед на својот Инстаграм профил каде сподели фотографија на која позира со две дечиња со опис:

„Ние, младите од Козле. Прв ден без брадиштето“, напиша Игор под фотографијата, на која се наоѓа со две мали принцези, комшки од Козле.

Веднаш овој негов потег го коментираа и неговите фанови и следбеници.

„Е вака бе другар со брадата со сила се правиш стар има време ќе остареш“, гласеше еден коментар: „Супер си“, беше другиот. „Вака си 10 години помлад, би сакал кога ќе дојдам во Скопје, лично да те запознаам“, имаше трет коментар.

Роден е на 15 јули 1963 во Скопје во семејството на композиторот Александар Џамбазов и глумицата Анче Џамбазова, а како внук на истакнатиот глумец Петре Прличко.

Што се однесува до почетоците во актерството, неговата примарна професија, Игор Џамбазов со глума почнал да се занимава на шестгодишна возраст кога глумел во филмот Македонскиот дел од пеколот, во режија на Ватрослав Мимица.

Во текот на детството, во тинејџерскиот период, па се до запишувањето на Академијата за драмски уметности, тој е присутен во различни емисии и серии. Значајна улога во овој период е улогата на Трајче во филмот кој се базира на истоимената книга „Волшебното самарче“ од Ванчо Николески. Во филмот ја играл главната улога заедно со легендарниот глумец Ристо Шишков.

По дипломирањето на Академијата за драмски уметности работи во Драмски театар, а подоцна преминува во МНТ. Одреден период тој ја имал можностa да глуми во МНТ додека во него се уште глумеле неговата мајка Анче Џамбазова и неговиот дедо Петре Прличко.