Вчера во 12.30 часот во Полициската станица Берово било пријавено дека во Клиничка болница Штип со тешка телесна повреда бил донесен 44-годишниот А.Д. од село Црник, пехчевско, извести МВР.
– Според пријавеното, тој се здобил со повредите околу 11.00 часот, при извршување работни задачи во фабрика во Пехчево, соопшти МВР.
Увид на местото извршила увидна екипа на ОВР Берово, а известен бил и државен инспектор за труд.
Вчера попладне во 16.40 часот во Полициската станица Кичево било пријавено дека на улицата „11 Септември“ во Кичево, 42-годишниот Н.С. од Кичево, управувајќи мотоцикл без регистарски ознаки, изгубил контрола и паднал на коловозот, извести МВР.
– Во несреќата Н.С. се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Медицински центар Кичево, соопшти МВР.
Извршен бил увид од увидна екипа од Полициска станица Кичево.