Тешко повредена тетовчанка во сообраќајка помеѓу две возила и трактор

|

Вчера (24.09.2023) околу 15.40 часот во СВР Тетово било пријавено дека на локалниот пат Тетово-Фалише се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фиат пунто“, управувано од 40-годишната М.Ј. од Тетово, патничко возило „форд фокус“, што го управувал 60-годишниот Џ.А од тетовски Порој и трактор, управуван од 70-годишниот тетовец С.А., сите со тетовски регистарски ознаки.

Во несреќата, М.Ј. се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во тетовската Клиничка болница, каде била пренесена за укажување на лекарска помош. Увид извршила екипа од СВР Тетово, соопштува МВР.