Тешко повредено дете откако татко му го прегазил возејќи рикверц

|

Вчера околу 12 часот во СВР Тетово пријавено е дека 34-годишниот З.С. од тетовска Мала Речица, враќајќи се наназад со своето патничко моторно возило „ауди“ во дворот пред семејната куќа, не го забележал и според пријавеното, удрил во малолетниот син, при што му нанел тешки телесни повреди констатирани во тетовската Клиничка болница.

Извршен е увид од екипа на Секторот за внатрешни работи Тетово.