Министерството за здравство информира дека тестот на претседателот на политичката партија СДСМ Зоран Заев е негативен.
Претходно лидерот на СДСМ Зоран Заев преку неговиот фејсбук профил потврди дека е во самоизолација поради контакт со заболен, се чувствува добро.
-Би сакал да ве информирам дека во текот на минатата недела имав ТВ интервју со новинар, за кој неодамна се утврди дека е позитивен на тестирањето. Иако во текот на интервјуто ги преземавме сите заштитни мерки како избегнување контакт и одржување дистанца, согласно сите протоколи, од денеска сум во самоизолација во мојот дом во Струмица.
Министерот Венко Филипче на денешната вонредна прес-конференција истакна дека новинар на една телевизиска куќа е позитивен на тестирањето а истиот тој минатата недела имал тв интервјуа со двајцата лидер на најголемите политички партии во земјава. Тестираењето на Христијан Мицкоски направено вчеравечер е негативно.