Тетката е цел Универзум: Турунџиева објави слика со ќерката и со внукот

ИЗВОРСкопје24
|

Сузана Турунџиева објави фотографија од нејзината помала ќерка, Матеа, со внукот Јаков, синот на постара ќерка, Лора и зетот Филип.

„Тетката не е половина мајка. Тетката е цел Универзум. Фала ти животе“, напиша водителката и писателка под фотографијата.

Лора го роди Јаков на 7 март, а на денот кога стана баба, Турунџиева за Женски магазин изјави дека нејзината ќерка е голем херој.

„Лора е голем херој, борец. Таа е похрабра и од мене. Дваесет часа издржа големи болки, сите ние 20 часа бевме на нозе и до самиот крај беше упорна да се породи природно.

На крајот, сепак мораше да ја оперираат, и се породи со царски рез“, ни изјави Турунџиева и додаде дека сопругот на Лора, Филип Наунов, за време на породувањето бил со неа и ѝ давал поддршка.