Тетово на првото место по загаденост за средина на 2020 година

ИЗВОРНов Лист
|

Според онлајн базата на податоци со информации за загаденоста на Нумбео, Тетово се најде на првото место листата на загадени градови. Листата е составена според индекс на загаденост за средината на годината.

Индексот на загадување во Тетово изнесува 97.44, а по Тетово на второто и трето место се градовите Кабул во Авганистан и Катманду во Непал.

Спроед информациите од автоматската мониторинг станица за квалитет на амбиентен воздух во Тетово на Министерството за животна средина само два од 24 денови во ноември биле со чист воздух, односно со помалку од 50 микрограми на кубен метар на отровните ПМ-10 честички.

Во текот на 2020 има 105 денови во кои е надмината граничната вредност на концентрација на ПМ10 честички.