По неколкучасовните врнежи од дожд во тетовскиот регион проблеми синоќа се појавија на патот Шипковица – Бродец, како и на неколку градски улици кои беа поплавени поради големите количини насобрана вода по коловозните ленти. Делницата Шипковица – Бродец е непроодна поради одрони од земја и камења на патот.
По обилните врнежи од дожд и влошувањето на временските прилики во нашата земја блокирани се многу патишта на Шар Планина. Нашата интервенција беше непосредна, интервенираа вработените во ЈКП и Противпожарната единица за да се овозможи слободно движење на граѓаните. На патниот правец Шипковица – Бродец, кај новиот мост, со голем интензитет се работи на чистење на одрони. За жал, новиот мост кој претходното раководство го пушти во употреба без никакви критериуми, не успеа да го издржи дождот, рече градоначалникот Биљал Касами.
Општина Тетово информираше дека низ улиците во градот успеале навреме да интервенират за слободно движење за граѓаните.