„Ти простувам тато… Ти простувам што ја остави мама, сестра ми и мене“

ИЗВОРСкопје24
|

Ти простувам тато. Ти простувам што нѐ напушти. Ме остави мене, мама и сестра ми. Секој нов ден ме учеше да живеам со тоа. Иако имав само две години сфаќав дека нешто не е во ред. Но, има нешто што никогаш нема да ти простам, плачењето на мама и сестра ми кога заспивавме.

Никогаш не беше со нас. Првите училишни денови кога сите доаѓаа со своите мајка и татко, само јас не доаѓав со вас двајцата… Имашен денови кога те мразев дека нѐ остави. Но, повеќе не те обвинувам, тоа беше твојата одлука. Сега си далеку… Најмногу мразев што со пари сакаше да ја купиш нашата љубов. Но, нам не ни требаа пари, туку татко.

Татко кој и покрај сите проблеми треба да биде покрај нас. Еве, поминаа 13 години, мама најде друг. Тој е добар кон мене и сестра ми. Ти сега имаш ново семејство, жена и деца. Иако не сте во добри односи, не сакате децата да останат без татко како што останавме ние… Тоа го слушнав кога баба му кажуваше на дедо. И покрај се би сакала да го вратам времето. Повторно да бидеме семејство, бидејќи никој не може тебе да те замени. Тато, многу те сакаме. И ни недостигаш.

Никогаш не посакувајте да си оди вашиот татко, бидејќи кога ќе си отиде започнува најголемата болка. Треба да бидете благодарни на Бога, бидејќи не знаете како им е на децата кои немаат татко.