Тибетски хороскоп: 5 хороскопски знаци што ќе имаат многу среќа во 2021 година

ИЗВОРНов Лист
|

Според тибетската астрологија, 2021 година се нарекува година на младата месечина и се предвидува дека ќе донесе обновување, раст и нови можности. Оние кои се насочени кон врвот, односно кон исполнување на своите цели, во 2021 година ќе имаат дополнителна самодоверба, просперитет и финансиска среќа. Тибетскиот хороскоп издвојува 5 хороскопски знаци на кои годината на младата месечина ќе им донесе многу среќа.

Змеј – личности родени во 1940, 1952, 1964, 1976, 1988, 2000 и 2012 година
Луѓето родени во знакот на Змејот годинава ги очекува подем и голем успех. Нивните најсреќни денови во месецот се 3-ти, 15-ти и 27-ми и тогаш се препорачува да започнат нешто ново. Негувајте ја вашата имагинација, развијте ја и проширете ги вашите хоризонти. Бидете свесни за вашата енергија и моќ.

Во 2021 година, на Змејовите ќе им биде полесно да се поврзат со другите луѓе и ќе се грижат за нивните чувства. Тие внимателно ќе го разгледуваат секој проблем, набљудувајќи го од неколку агли и лесно ќе ги надминуваат пречките.

Кобра – личности родени во 1941, 1953, 1965, 1977, 1989, 2001 и 2013 година
Кобрите имаат голем талент – се верува дека сè што ќе допрат може да се претвори во злато. Оваа легенда во реалноста значи дека станува збор за луѓе со вредни и вешти раце и дека тие секогаш ја завршуваат работата целосно и не се предаваат додека не ја постигнат својата цел. Оваа година, нивната работа ќе биде наградена и наплатена, па можно е да напредуваат финансиски. Нивните среќни датуми се: 1-виот, 13-тиот и 25-тиот ден во месецот.

Астрологијата посочува дека луѓето родени во знакот на Кобра ќе постигнат добар професионален напредок, а многумина ќе ја исполнат старата желба и ќе започнат да се занимаваат со професијата за која сонувале.

Чувар на огнот – личности родени во 1942, 1954, 1966, 1978, 1990, 2002 и 2014 година
Главната мисија на овие луѓе е да внесат светлина во темнината, топлина во студот и ред во хаосот. Овие луѓе носат добра енергија, привлекуваат луѓе и совршено се снаоѓаат во тимска работа. Во текот на зимата ги чека најдобриот период за деловен успех и финансии, а најсреќни денови во месецот се 4-ти, 6-ти и 28-ми. Интуицијата ви помага да донесете добри одлуки и да ги изберете вистинските соработници и деловни партнери. Ќе остварите финансиски профит со помош на одлични идеи и добри комуникациски вештини.

Извор – личности родени во 1943, 1955, 1967, 1979,1991, 2003 и 2015 година
Се верува дека овие луѓе се гласници на добри вести. Тие имаат авторитет, луѓето им веруваат и се одлични лидери. Најголем успех ги чека во текот на есента, а најдобри денови им се 5-тиот, 17-тиот и 29-тиот ден во месецот. Тие секогаш го избираат вистинскиот пат за да ги постигнат своите цели, а нивниот успех доаѓа преку комуникација и добра интеракција со колегите. На патот кон остварување на своите цели ќе имаат голема поддршка.

Желка – личности родени во 1946, 1958, 1970, 1982, 1994, 2006 и 2018 година
Ова ќе биде добра година за вас бидејќи ќе ги искористите скриените таленти. Избегнувате ризик и точно знаете како да се придвижите кон вашата цел. Зголемената свесност и интуицијата ви носат сила за да ги решите повеќето предизвици во годината на младата месечина. Опкружени сте со енергија на изобилство, а најдоброто време од годината за вас е пролетта. Најсреќни денови се 8-миот, 20-тиот и 31-виот ден во месецот.