Хороскопот може многу да открие за карактерот, маните и доблестите на луѓето.
И додека сите сакаат да слушаат за своите добри страни, некои лоши карактеристики од својот знак многумина не сакаат да ги слушнат или признаат.
Се издвојуваат три хороскопски знаци кај кои се изразени мрачните страни од карактерот.
Шкорпија
Често се љубоморни и посесивни. Шкорпиите се емотивно незрели, одмаздољубиви и не се плашат од ништо. Се лутат, беснеат, плачат, а склони се и кон тоа да замразат некого од дното на душата. Тие се големи злопамтила и враќаат тогаш кога другата страна ќе ја заборави причината.
Девица
Многумина од нив како да не знаат за љубов, без емоции се, кај нив сè се сведува на физичкиот однос. Исклучително се ладни, а забодувањето нож во грб не им е непознато. Самобендисани се. Девиците се презаситени од нежност и прегратки. Верни се само на себе и тоа ги исклучува сите останати луѓе.
Јарец
Зборот ‘извини’ не постои во нивниот речник. Можете да живеете со нив цел живот, да бидете во брак, а никогаш да не знаете што точно мислат. Чувствата не знаат да ги искажат со зборови. Тешко покажуваат емоции, не знаат ниту да ги пружат, ниту да ги примат.