Минатата година на 10 февруари не напушти најбогатиот Македонец во светот, Мајк Илиќ. Тој зад себе остави богатство од над 6 милијарди долари и седум деца наследници. Претседателот и директор на „Илиќ Холдинг“ е неговото шесто дете – Кристофер Илиќ.
Кристофер раководи со Little Ceasar, Detroit Red Wings, Detroit Tigers, Champion Food, Olympia Entertainment и многу други компании кои се во сопственост на фамилијата Илиќ. Тој има 51 година и моментално работи на проектот Дистрикт Детроит – цел кварт во овој голем град исполнет со спортски игралишта и забавни содржини.
Мајк Илиќ Џуниор работи како продуцент во Холивуд и има своја филмска продукција. Работел на многу популарни филмови меѓу кои: Before i wake, Oculus, Lost in Space и други. Во 2005 година доживеал тешка сообраќајна несреќа од која едвај извлекол жива глава. Потребни биле неколку години за целосно да закрепне.
Денис Илиќ е бизнис жена и адвокатка. Дел е и од политичката сцена и често може да се види на настани во Белата Куќа. Има 61 година и е дел од Демократската партија.
Керол Илиќ пак е дел од Републиканската партија и има 49 години. Таа е сингл мајка и живее во Бирмингем каде што ја поседува најскапата куќа од 6 милиони долари. Сопственик е на Uptown Entertainment и има неколку кино сали низ Бирмингем.
Роналд Илиќ можеби е најпроблематичниот наследник на Мајкл. Во 2014 година тој бил уапсен поради поседување на дрога, а веќе долги години се зборува и дека е зависник од неа. Претходно бил пријавен и за домашно насилство. За разлика од другите членови на фамилијата, Рон во јавноста е познат само по скандалите.
Атанас илиќ на почетокот на 90-тите години си ја пробал среќата како актер во неколку холивудски хит хорори и акции. Актерството не му беше доволно, па почна и кариера како пејач. За жал Атанас се разболе од рак на коските и неколку години се бори со оваа болест. Успева да ја победи и продолжува да работи во фирмите на својот татко.
Ќерката Лиза Илиќ Мареј е целосно посветена на религијата и на своите деца. Таа е домаќинка и дел од МТ Зион црквата. Вели дека својот живот го фокусирала на пронаоѓањето на Господ и религиозната едукација на своите деца. По 20 години работа во фамилијарниот бизнис, се откажала од се и се посветила на црквата.
Извор: Македонија денес